15 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

О’Брајан: Одбивањето на понудата од ЕУ ќе ја чини економијата и уназади земјата

„Има понуда на масата, треба да ја земете. Ако не ја земете, и вртите грб на историјата, искрено. Тој пат може да изгледа задоволувачки, но тоа ќе ја чини вашата економија, ќе причини повеќе луѓе да сакаат да ја напуштат земјата и, генерално, ќе ја уназади земјата“ изјави помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан за „360 степени“.

Тој додаде дека ЕУ е изградена врз компромиси и ставање настрана на конфликтите за креирање на големиот проект.

„Тоа што им го велиме на претставниците овде и во соседните земји е дека е во интерес на сите – не која било земја, туку соседот да биде во ЕУ. Тоа е кога членството во ЕУ навистина дава плодови. Така што, луѓето можат да ги уживаат четирите основни слободи – правото да работат каде сакаат, да живеат каде сакаат, да пренесуваат пари каде сакаат, да вршат трговија“ рече О’Брајан, кој претходно се сретна и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Помошникот-државен секретар на САД изјави дека конкретниот компромис, односно уставните измени, се начин за стигнување до целта – членство во ЕУ.

„Се движите кон изборен период. Знаеме дека се е тешко во таков период. Нема да коментирам дали работите ќе се случат сега или подоцна, но јасно е дека има понуда на маса. Некој може да каже дека ќе дојде со подобра понуда. Но, ако не ви каже за што точно станува збор и не ви каже зошто другите би ја прифатиле, само се обидува да ве измами. И се надевам дека гласачите се попаметни од тоа“ рече О’Брајан.