23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ДПМНЕ е против 662 милиони евра да завршат кај народот, тие се против пензионерите, студентите, учениците, компаниите

-Воопшто не е изненадување што ДПМНЕ е против новиот 9-ти пакет антикризни мерки со кој 662 милиони евра завршуваат кај граѓаните, пензионерите, учениците, студентите, ранливите, компаниите. ДПМНЕ не сака парите, 662 милиони евра да завршуват кај граѓаните, тие мислат само на своите џебови, соопшти СДСМ.

„ДПМНЕ беше против помошта за народот во време на криза.

Среде економска криза ДПМНЕ ги блокираше антикризните мерки во Собранието со „активна блокада“.

ДПМНЕ беше против покачувањето на минималната плата. ДПМНЕ беше против зголемувањето на платите за работниците.
ДПМНЕ работниците ги третираше како евтина работа сила и затоа просечната плата беше околу 20.000 денари а со СДСМ сега е над 37.000 денари.
Затоа и впрочем во време на ДПМНЕ минималната плата беше 8,000 денари а сега е 20.175 денари.

Со ДПМНЕ нема мерки за помош на граѓаните, и како локална власт удираат по џебот на народот.
Наместо мерки за граѓаните, локалните власти на ДПМНЕ ги покачија комуналните услуги за 100%, за 300% ги покачиме сметките за данок на имот, за паркинг, погребални услуги, вода, ѓубретарина…

Јасно е како ден, СДСМ се грижи за граѓаните и никој нема да биде оставен сам.

Пакетот антикризни мерки вреден 662 милиони евра се огромна поддршка за граѓаните и компаниите во услови на зголемени трошоци на живот, но и во услови на продолжени ефекти од енергетската криза.

Со мерките се опфаќаат 120.000 млади лица, ученици и студенти, над 74.000 социјално ранливи граѓани, над 187.000 пензионери, 40.000 земјоделци, над 70 000 компании.

Нека излезе ДПМНЕ и на сите овие луѓе нека им каже во лице дека тоа не го заслужиле.“ – се вели во соопштението.