13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Спасовски за „Политика“ во врска со Самитот на ОБСЕ во Скопје: Северна Македонија мисли глобално – само дијалогот носи резултати, нема мали и големи луѓе, народи или држав

Во денешниот број на белградска „Политика“, на тема Самитот на ОБСЕ чиј претседавач е Република Северна Македонија, а од 28 ноември до 1 декември се одржува во Скопје, во која се обработува политичкиот контекст на овој, 30-ти по ред Министерски совет на ОБСЕ и неговото значење за иднината на оваа најголема регионална безбедносна организација, преку предзнакот „историски“, опфатен е и сегментот околу организираните мерки и активности со цел безбедно и непречено одржување на овој досега највисок собир кој се одржува кај нас, кои се во надлежност на Министерството за внатрешни работи.
Наведувајќи во текстот дека во главниот град на Република Северна Македонија на сила се исклучителните мерки од трет степен на безбедност поради собирот на кој се најавени околу 70 делегации со околу 1.000 учесници, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше запрашан за важноста, односно историското значење на 30.Министерски совет на ОБСЕ, како платформа за дијалог меѓу земјите учеснички, а во контекст на глобалните геополитички збиднувања.

„Северна Македонија мисли глобално, уверена дека само дијалогот носи резултати; кога ќе седнеме на иста маса, тоа значи дека сме подготвени да разговараме за сите прашања, дури и ако конверзацијата не донесе брзи резултати. Сите треба да ги имаме глобалните предизвици во својот фокус: нема тука мали и големи луѓе, народи или држави“, се вели во изјавата на министерот Спасовски, дадена специјално за белградска „Политика“, во контекст на темата посветена на 30.Министерски совет на ОБСЕ во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Тројца возрасни и едно дете осомничени за пукањето во Тетово

ДЕСК

ЗНМ и ССНМ изразуваат загриженост за постапувањето на полициските службеници кон новинарите во Демир Хисар

ДЕСК

ЧУВАЈТЕ СЕ: Продолжуваат пеколните температури и следните денови – Метеоцентар со детална прогноза за неделава

ДЕСК