25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Со новите антикризни мерки во вредност од 662 милиони евра, опфатени околу 400.000 граѓани од ранливи категории

„Анализите кои што ги правевме кои граѓани да бидат опфатени ни покажаа дека треба да ги опфатиме пензионероте со ниски пензии, лицата со попреченост, самохраните родители,студентите и учениците од основно и средно училиште кои доаѓаат од семејства каде штро приходот е до 2 минимални плати односно до 50. 000 денари колку што и изнесува потрошувачката кошничка,“ рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во Дневникот на Сител Телевизија, во врска со новите антиктризни мерки во вредност од 662милиони евра, со кој се опфатени околу 400.000 граѓани.

Министерката истакна дека во никој случај не се работи за популистички или предизборни мерки, затоа што дел од мерките се до избори, а дел во јуни,односно дека станува збор за мерки осо времетратење од 5, 6, 7 месеци, како и мерки кои траат цела година.

„1200 денари доколку имаме едно дете во основно училиште, доколку имаме и друго дете во средно училиште, две деца, тоа се веќе 3000 денари.Овие средства се за децата да им помогнеме за да можат во текот на месецот да имаат повеќе средства кај себе, истакна Тренчевска.
Таа посочи дека можеби 1200 и 1800 денари месечно можеби не се премногу пари за семејство кое има пари, но за семејство кои имаат до 50.000 денари приход во семејството, 3000 денари е сума која не треба да се занемари.

Во врска со ваучерите за превоз, министерката појасни дека тоа зависи од местото каде живеат и колку чини повратната карта од градот каде што живеат и градот каде судираат, и таа се движи од 600 до 1200 денари.