29. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Се потврди тоа што го зборувам година и пол, во земјава има два блока – проевропски и блок против ЕУ и НАТО

„Се потврди дека во нашата држава има два блока на политички партии, јас тоа го зборувам од пред година и пол кога кажав дека има блок на европски партии, односно европски фронт чиишто политички партии се залагаат за европска интеграција на државата. Истите политички партии кои се залагаа за интеграција на државата во НАТО и успеавме и успеавме да ги отпочнеме преговорите со ЕУ и да имаме успешен скрининг процес којшто ќе биде финализиран во наредниот период. На другата страна, сега веќе и официјално имаме друг блок на политички партии, тоа се ВМРО – ДПМНЕ и Левица кои се против зачленување на земјата во ЕУ и против НАТО“ рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.

Тој додаде дека тие партии јавно кажаа дека немаат ништо против коалиција со што на граѓаните им оставаат лесен избор.

„Граѓаните ќе бираат дали ќе имаат проевропска влада и европска иднина на државата или ќе бидат за некакво алтернативно решение коешто за волја на вистина не е ниту понудено. Ние гледавме 11 години едно алтернативно решени кое не не’ однесе никаде и во економска смисла и во меѓународна смисла па и во стратешка смисла затоа мислам дека граѓаните ќе имаат лесен избор“ рече Ковачевски.

Премиерот исто така додаде дека политичките партии исто така ќе се водат од тие принципи, бидејќи коалициите се прават врз основа на вредности.

„Оние кои ќе бидеме дел од европскиот блок, ги делиме истите вредности за европска Македонија, а оние кои што се дел од спротивниот блок бидејќи и тие делат исти вредности како и самите што кажуваат кои што јас не ги делам тогаш тие ќе излезат со своите вредности на изборите“ рече Ковачевски.