26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: Централната власт го спаси статусот на охридскиот регион во УНЕСКО, но општината работи спротивно на препораките

„Кога ние се боревме како министерство за култура за задржување на статусот на УНЕСКО, општина Охрид носеше одлуки кои се косеа со сите начела на УНЕСКО. Носеа и одлуки за менување на национален интерес“ рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во утринската програма на Слободен печат.

Таа додаде дека Министерството за култура и Владата успеаја да го спасат статусот на охридскито регион во УНЕСКО, но општината продолжува да работи спротивно на препораките.

„Само десет дена по одлуката тие објавија повик со кој ќе издаваат одредени плажи и ќе одат спротивно на препораките на УНЕСКО“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека Владата продолжува да инвестира во сите локални самоуправи, но тоа што се добива од другата страна е неисполнување на проектите и зголемување на трошоците за граѓаните.