14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Костадиновска-Стојчевска: Вистинските вредности за кои се залага Мицкоски се исти како оние на неговиот потенцијален коалициски партнер, антиевропската Левица

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по повод можното коалицирање на Мицкоски со Апасиев во објава на Фејсбук напиша дека Мицкоски ја признал и ја потврдил желбата за коалиција со Левица.

„Вистинските вредности за кои се залага Мицкоски се исти како оние на неговиот потенцијален коалициски партнер, антиевропската Левица. Од партнер на демократскиот свет, на САД и ЕУ сакаат да ја вратат државата во времето кога беше изолирана и заробена. Тоа ќе ѝ донеси економска неизвесност, назадување и блокади“, потенцираше Костадиновска-Стојчевска.

Таа заклучи дека граѓаните не сакаат антиевропски политичари. Граѓаните сакаат политичари кои работат за сигурна иднина, поголеми плати, подобар животен стандард, за младите својата иднина да ја градат во европска држава, дома, во својата татковина.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.