28. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Битиќи: Денес ги трпиме последиците од немањето системско решение за плати во јавен сектор, сега растат платите на сите

„Недостатоците од неносњето на одржливи одлуки од различните власти не може да ги преиначиме и надминеме преку ноќ. Сега ги гледаме последиците од немањето на системско решение во јавниот сектор“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Трилинг“ на ТВ24.

Тој додаде дека ова е цената на поигурувањето со судбините на поголемиот дел од вработените во јавниот сектор за политички цели.

„За жал на сите во јавниот сектор некој си поигурвал дваесетина години со нивните судбини и животи. Евентуалното зголемување и добивање соодветен надоместок се гледал само низ призма на партиско-политички агенди, а не низ призма на достоинството на граѓаните“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека сега, со јасната методологија се гледа како ќе се движат и зголемуваат платите на вработните во јавниот сектор наредните 20 години.

„Да ги гледаме фактите. Од 2014 до 2023 година, платите на службениците во судството се зголемени за 77%. Видете ја инфлацијата низ тие години, ќе видите дека порастот на платите е поголем од инфлацијата сите овие години“ рече Битиќи.

Можеби ќе ве интересира

Растот на платите го надминува растот на цените – економијата се движи во позитивна насока, тврди министерката Кочоска

ДЕСК

Седница на ИО на СДСМ: Нови 11 кандидати за градоначалници

ДЕСК

Пеколно жешко до 38°C, па температурен пресврт и невреме со заладување – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК