25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Кичевски со поддршка до ромската заедница – Несовесноста мора да се казнува

Секретарот за јавни политики преку објава на Фејсбук изрази поддршка до ромската заедница.
„Колку вреди животот на едно дете? Две години затвор…? Правдата за малиот Мануел Асановски мора да ја истераме до крај за да може мирно да почива во мир“, напиша секретарот.

Тој истакна дека за жал, несовесното возење во Скопје станало секојдневие.

„Сѐ почесто ни умираат луѓе низ скопските улици, а уште потажно е што најчесто се деца. И се додека оваа несовесност поминува неказнето, со вакви смешни пресуди, нема да се освестат за огромната штета која ја нанесуваат“, посочи Кичевски.

Тој заклучи дека мора да се стави крај на непочитувањето на сообраќајната култура и дека мора да се стави крај на поминувањето на црвено, незастанувањето на пешачки премин, несовесното паркирање бидејќи сето тоа чини нечиј живот.

„Мора да ставиме крај за да ги заштитиме нашите деца“ стои во објавата на Кичевски.

Можеби ќе ве интересира

Апсења низ Македонија во голема акција, паднаа и притвори – еве ги деталите

ДЕСК

ЗНАЧИТЕЛНИ ПРЕСВРТИ СО ВРЕМЕТО: Температури до 38°C, најавено е и невреме со пороен дожд, грмежи и ветер

ДЕСК

Алиу со директорите на Клиниките за кардиологија и кардиохирургија: Заеднички ги разгледуваме тековните предизвици и можностите за унапредување на условите во дејноста

ДЕСК