14.8 C
Скопје
21. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ромалитико: Протести и длабок револт на ромската заедница заради неправедните пресуди на судската власт

Во организација на Ромалитико, денес се одржа организиран протестен марш кон Основниот Кривичен суд, каде што ромската заедница, го искажува својот длабок револт и протест против судскиот систем и одлуките на судската власт за предметите водени кон ромската заедница во целина.

Ромите забележуваат голем контраст во тежината на правдата што им е доделена од страна на целата судска феља и судскиот систем во државата. Овој револт е посебно потикнат од последната пресуда од надлежната судијка за изречената казна од 2 години и 3 месеци за усмртување на 10 годишно дете. Ваквите пресуди во коишто сторителите добиваат минимални казни, а има човечки жртви, дополнително ја потврдуваат недовербата на граѓаните во правосудниот систем во државата.

Овој случај ги потврдува забелешките за владеењето на правото во целина, селективната правда и ниската доверба на јавноста во судскиот систем.

Дали овие минимални казни би биле исти ако жртвите не се Роми? Оваа селективна примена на правдата претставува директен напад врз заедништвото и демократските принципи сметаат дел од организаторите на протестот.

Решението за состојбата во која што се наоѓа ромската заедница мора да се бара и во одговорноста на една од трите независни власти во државата – СУДСКАТА ВЛАСТ. “Аршините” за казна се максималистички а за праведност, минимални и (не)праведни . Сето тоа создава несигурност кај ромската заедница“, сметаат од Ромалитико.

-Го подржувам и го разбирам револтот и барањето на граѓаните. Свесен сум дека истите вклучуваат и низа барања кон судската власт. Оваа пракса треба под итно да се смени и после овој протест од граѓаните и јавноста – треба да подразмислат и 10 пати да мерат пред да пресудат, особено во сензитивни случаеви во кој што директно се влијае врз животот, достоинството и сигурноста на граѓаните и заедницата, вели Елвис Мемети советник во КПВРСМ.

Со организираниот протестен марш, ромската заедница, а во овој случај и семејството незадоволно од одлуката на судијката, се бара:

Целосна правна разрешница за случајот со семејството Асановски

Пристап до правда и правични пресуди за ромската заедница во сите судски случаеви .

Анализа на решенијата од предметите од времето на режимот па натаму за сеопфатна правна анализа и слика за состојбата со пресудите и затворските казни.

Активно учество на ромската заедница во реформите во судската власт ( Ром, правник / судија во Судскиот совет и Роми во судската администрација).

Протестот го подржаа преставници на граѓанскиот сектор, активисти, политички преставници, Аваја и сите незадоволни граѓани од работата на судските органи.