26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Додека се договараат кој е надлежен Градот или општина Бутел, мостот во Визбегово ризик за граѓаните

По предупредувањето на Центарот за управување со кризи за опасноста на мостот кај Визбегово Скопско, Градска редакција обезбеди фото и видео како изгледа мостот.

Таму навистина е ризично како за пешаци така и за возила кои поминуваат во мостот но и под мостот. Најризично во моментот представува работ од мостот.

Видеото погледнете го ТУКА (ЛИНК).

Пред неколку дена ЦУК упати повторно известување и покана до дел од надлежните институции за Kоординативна работна средба во ЦУК за небезбедноста на конкретниот мостот, надвозник, со нагласување дека, со оглед на фактите дека опасноста не е надмината, присуството на претставник од раководниот кадар на повиканите институции е задолжително.

Стојанче Ангелов, директно од лице место, упати повик и апел до дел од надлежните институции, за отстранување на опасностите од мостот за граѓаните кои поминуваат по него, а особено за граѓаните коишто со возила поминуваат под него.

„По пријава на неколку граѓани повторно сме на мостот кај Визбегово, Скопско. Би рекол стар и небезбеден мост, преку којшто има голема фреквенција на сообраќај. Но, не е наша работа да испитуваме дали овој мост е безбеден и колку е безбеден, бидејќи информациите коишто ги имаме зборуваат дека истиот ќе биде срушен во следните неколку години. На овој мост се јавува една опасност за граѓаните, којашто се провлекува, би рекол, повеќе од една година. Тоа се овие коцки (камени гранитни коцки од патот). Овие коцки, коишто се расфрлани овде, најверојатно излегуваат од самиот пат.

И покрај моето укажување, во повеќе наврати, повторно можам да ги забележам на самата ивица, работ, од мостот. Возилата коишто се движат по овој мост прават силни вибрации. Кога минуваат камиони, мостот буквално вибрира под моите нозе.

Останува градот Скопје и Општина Бутел, нека седнат заедно, нека се договорат – кој е одговорен за овој мост!? Нека не си ја префрлаат надлежноста едни на други. Нека седнат заедно и нека дојдат да го решат овој проблем… Да не си играме со човечките животи и со човечкото здравје. Пред извесно време побаравме да дојдат, во ЦУК, претставници на општината Бутел и на градот Скопје, но не дојдоа… Затоа повикувам: – Нека дојдат! Вели Стојановски.

Извор и фото: Gradska.mk