13.8 C
Скопје
21. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Од 1 декември се враќа евтината дневна тарифа!

Од 1 декември оваа година, домаќинствата секој ден од 13 до 15 часот ќе можат да користат евтина тарифа на струјата.

Иако првично беше најавено дека за рачно да се подесат броилата ќе биде потребна една година, сепак беше постигнат договор за процесот да се забрза и граѓаните да го почувствуваат бенефитот од евтината тарифа во текот на зимата.

Евтината дневна тарифа ќе се користи до 13 до 15 часот и е воведена поради повеќемесечното намалување на цената на струјата на берзите.

Оваа промена, според очекувањата, ќе има позитивно влијние на потрошувачите, намалувајќи го трошокот за електрична енергија.

Евтината дневна тарифа беше укината на почетокот на 2022 година, кога имаше зголемување на цената на струјата за 9,48 отсто. Доколку останеше евтината тарифа, цената на струјата ќе се зголемеше за дополнителни 5 отсто.

Враќањето на евтината дневна тарифа се должи на успешното менаџирање на последиците од светската енергетска криза.