-Изминаа 2 години од мандатот на локалната власт на ДПМНЕ и градоначалникот Марко Колев. Заклучокот е поразителен: за две години НУЛА резултати на Колев и ДПМНЕ во Велес. Не само што не се реализирани ветените проекти во програмата, буквално нема ниту еден проект за 2 години. Буквално ништо. Но, затоа Колев и ДПМНЕ удрија по џебот на велешани и ги поскапеа сметките на локално ниво. Колев и ДПМНЕ ги поскапеа цените за собирање на отпад за 100 %, изјави на денешната прес-конференција, Даница Чадиева, претседателка на ОО СДСМ Велес.
-Улиците во Велес се постојано во мрак, градот е нечист и не се развива. Ја нема ветената нова детска градинка. Го нема ветениот проект за нова катна гаража катна гаража кај авотбуската стануца, ниту пак проектот за подземна гаража. Нема Дом за стари лица, ниту за деца без родители. Иако ветуваше за време на изборната кампања и стои како обврска во програмата Колев не направи реконструкција на Градски парк. Нема нова велосипедска патека. Не е решен пробелмот со кучињата скитници. Но затоа ДПМНЕ се фрли на распродажба на парцелиле кај езеро Младост. Велешани буквално се изневерени. Загрозена е сигурноста и безбедноста на граѓание, затоа што 2 години Велес е во мрак, во црна темница без улично осветлување и покрај тоа што граѓаните и фирмите уредно плаќаат сметки. Затоа можеби Колев нема излезено низ улиците на градот. ДПМНЕ и Колев на је оправдаа довербата. ДПМНЕ во Велес ја има најнеспособната локална власт досега, изјави Чадиева.