Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

МВР: 152 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 152 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 67 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 85 надвор од населено место, соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Српски камион се заби во објект на царинската управа – оштетен е кровот и рампата

ДЕСК

Замрзнат имот во Србија и Македонија од осомничен за злоупотреби во РЕК Битола

ДЕСК

Страшна сообраќајка ја потресе Македонија: Автомобил излета од пат, еден загинат – познати деталите

ДЕСК