16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Итар измамник продавал возила, градежни материјали, прехрабени производи… 11 скопјани останаа без речиси 10 илјади евра

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против лице (36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени 11 кривични дела, од кои осум кривични дела „измама“ и три „измама во обид“.

Пријавениот, во период 13.01.2022 до 30.10.2022, измамите ги вршел преку мобилен телефон, при што од оштетените противправно присвоил пари во висина од 529.650 денари.

Пријавениот довел во заблуда и измамил 11 физички лица, така што лажно се претставувал и нудел разни услуги при купопродажба на возила, купување градежни материјали, прехранбени производи, превоз на стока, превод на документација и слично.

Можеби ќе ве интересира

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

C +

Утре, променливо облачно време, попладне краткотраен дожд и грмежи

C +

ЗНМ алармира: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

ДЕСК