Попладнево непосредно по продолжувањето на собраниската седница вторпат беше прекината откако „насилниците“ на Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев предизвикаа инцидент на говорницата во Парламентот.
Се расфрлаа со листови со амандамните за Предлог Деловникот на Собранието и посегаа по дел од преостанатиот инвентар од претседавачката маса.
На првото продолжение на 131. седница попладнево дојде до инцидент кога тие двајца почнаа да фрлаат со нивните амандамни за Деловникот кон потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, кој ја водеше седницата. Крмов, кој имаше процедурална забелешка, фрлаше со листовите од амандманите и ги искрши компјутерот и телефонот пред претседавачот на Собранието, а потоа нему му се придружи и Апасиев.
Апасиев од говорницата праша како може 12 амандмани да бидат прифатени, а другите да не бидат. Апасиев рече дека услов за тие да влезат во Влада по следните избори ќе биде претседателот на Собранието и предлагач на Деловникот Талат Џафери да оди во затвор.
Крмов, исто така, бараше да се прекине седницата фрлајќи го преостанатиот инвентар од претседавачкото место.
Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски под принуда повторно да ја прекине седницата.
Левица поднесе над 2000 амандмани за Предлог-Деловникот на Собранието. Претседателот на Собранието Талат Џафери, посочи дека се поднесени 2.461 амандмани од Апасиев и Крмов кои не се уредни. Како што рече, 12 амандмани се уредни, а останатите не. Тој додаде дека три амандмани поднеле и пратениците Бедри Фазли и Илија Николовски и дека истите се уредни.