Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тројца полицајци заработија кривична пријава – употребиле прекумерна физичка сила врз крадец од Скопје

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција- Одделение за гонење на лица со полициски овластувања и затворска полиција, поднесе кривична пријава против П.Р., Б.П. и К.Г., полициски службеници при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „тешка телесна повреда“ по чл.131 став 3 во врска со кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од КЗ.

Имено, пријавените, во својство на полициски службеници, при преземање на службени дејства над оштетеното лице од Скопје, затекнат при обид за кражба, неовластено и прекумерно употребиле физичка сила и му нанеле тешки телесни повреди. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР ќе покрене постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а полициските службеници ќе бидат суспендирани од своите работни места до завршување на постапката.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.