Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Градоначалникот на Охрид и ВМРО-ДПМНЕ пет дена молчат за тоа кој го плаќа егзотичното крстарење

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков веќе петти ден молчи и не одговара дали е на егзотично крстарење заедно со секретарот на општината и други лица од кабинетот и кој плаќа за ваквото патување.

СДСМ објави дека охридскиот градоначалник заминал на егизтично крстарење и го праша на чија сметка патува и крстари Пецаков.

„Додека Охрид тоне секој ден, Пецаков плови на егзотично крстарење заедно со секретарот на општина Охрид, но и други лица од неговиот Кабинет. Нема одговор колку пари чини ова егзотично патување и на чија сметка крстари Пецаков?“ праша портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција.

Одговор од Пецаков нема, иако ваквите прашања од СДСМ се повторуваат веќе пет дена, а одговор нема ниту од матичната партија на Пецаков, ВМРО-ДПМНЕ за тоа дали навистина градоначалникот е на егозтично крстарење со членови на неговиот кабинет и кој тоа го плаќа.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.