10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: На чија сметка крстари Пецаков, градоначалникот на Охрид, молк на Мицкоски и ДПМНЕ

-Градоначалниците на ДПМНЕ, за 2 години имаат НУЛА резултати, но еден куп скандали. Последен е скандалот со егзотичното патување на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, од ДПМНЕ. Додека Охрид тоне секој ден, Пецаков плови на егзотично крстарење заедно со секретарот на општина Охрид, но и други лица од неговиот Кабинет, соопшти СДСМ.

-Нема одговор колку пари чини ова егзотично патување и на чија сметка крстари Пецаков? Молчи ДПМНЕ, молчи Мицкоски. Молкот значи одобрување од страна на Мицкоски. Уште еднаш се потврдува дека во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија којашто 11 години исто вака скандалозно се однесуваше, се вели во соопштнието.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода шест лица по вчерашната физичка пресметка пред угостителски објект во Скопје

ДЕСК

Ацевски: Зошто Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски чекаат избори, зошто не го исчистат градот сега?

C +

Шукова: Селекцијата на отпадот од домаќинствата ќе го намали притисокот врз Вардариште и Дрисла

C +