Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Димитров на тет – а – тет средба со О’Брајан

Соосновачот и претседател на Солуција, Никола Димитров во рамките на својата посета на Вашингтон, САД ја имаше честа да биде гостин на новиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’ Брајан.

На нивната тет – а – тет средба во Стејт Департментот разговараа за предизвиците и можностите за Западниот Балкан, за регионалната соработка, за европските интеграции и за планот за раст на ЕУ, како и за неопходните реформи.
Исто така, двајцата разменија мислења и за македонските состојби, во светлината на извештајот на Европската Комисија.

Димитров му се заблагодари на О’Брајан на неговата јасна заложба и поддршка на визијата за демократски и европски Балкан, каде владее правото, со одговорност наместо неказнивост, со институции кои им служат на граѓаните и јавниот интерес.

Можеби ќе ве интересира

ВИСОК ПРИТИСОК ГО „ЗАКЛУЧУВА“ ВРЕМЕТО: Стабилност со скриена замка – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ со упатство: Безидејно ВМРО – ДПМНЕ, Македонија 2030

ДЕСК

Пожар во стан во Скопје, за среќа нема повредени

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.