26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Временска машина и магично Wine&Dine кабаре шоу во Скопје

Деновиве во хотел „Мериот“ љубителите на врвниот хедонизам уживаа како ретко кога во ексклузивно Wine&Dine кабаре шоу, организирано од винарницата „Тиквеш“ во соработка со хотел „Мериот“.

Гастрономските бравури на кулинарскиот тим на хотел „Мериот“, предводен од Кире Ставрев, директор на сегментот за храна и пијалаци, беа стручно енолошки впарени со внимателно избрани ексклузивни вина на „Тиквеш“, а за врвната атмосфера беа задолжени врвни танчери и пејачи од Србија, кои атрактивната кабаре програма ја подготвија специјално за овој настан.

Исклучителниот настан беше збогатен со аукција на две архивски вина на Тиквеш, од богатата винска архива на оваа најстара македонска винарница. Станува збор за Tikveš Semillon од 1970 и Tikveš Macedonia Royal Reserve од 1989 година, кои како своевидна временска машина гостите ги пренесоа во минатиот век!