21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Додека јас раководам со МВР нема шанса никој да укине ниту едно право коешто е стекнато досега

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на увидот во градбата на нова полициска станица во Аеродром, беше запрашан во врска со наводното укинување на бенефицираниот стаж на полициските службеници. Министерот Спасовски категорично демантираше:

„Еве уште една ноторна невистина која што се пласира во јавноста. Јас жалам што тоа го пласираат поединци од одредени синдикати од МВР. Ја видов таа информација дека наводно ќе се укине бенефицираниот стаж за вработените полициски службеници, дека наводно ќе се укине поволноста за пензионирање да се користат десетте најповолни години и дека ќе се укинат петте отпремнини кои ќе ги земаат полициските службеници. Упатувам порака до секој полициски службеник – додека јас раководам со МВР нема шанса никој да укине ниту едно право коешто е стекнато досега”, рече министерот Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Мисајловски и генералот Лафчиски на испраќањето на македонски контингент во воената вежба „Saber Junction 25“ во Германија

ДЕСК

Перински: Одржливи општини се она што и недостасува на Македонија и токму тука е нашиот фокус

ДЕСК

СДСМ: Состојбата е алармантна, над 11.000 фирми не исплатиле плати, владата има 900 милиони евра неисплатени обврски

ДЕСК