Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Претреси во Скопје, пронајдени и одземени фалсификувани пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје вчера (16.11.2023) поднесе кривична пријава по брза постапка против лицата А.И. (18) и З.А. (42) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – “фалсификување пари“ по чл.268 од КЗ.

Имено, по преземени мерки и активности од полициски службеници, при преглед на возило кај лицата се пронајдени фалсификувани пари во вредност од 3500 долари во апоени по 100 долари, по што биле приведени во полициска станица.
По извршен претрес на три локации во Скопје, кај едно лице пронајдени и одземени се 1100 евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното кое го извршиле приведените лица.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +