21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Расчистени 11 кривични дела „тешка кражба“ и 2 кривични дела „прикривање“ на подрачје на Радовиш

-Одделението за внатрешни работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против М.Ј.(20) од Штип, со престој во Радовиш, С.Р.(22) од Радовиш со престој во Штип, Т.Ј.(18) од Штип, Ј.А.(22) од Радовиш, Љ.Т.(66) од Радовиш и Б.А.(31) од Радовиш, соопшти МВР.

-М.Ј., С.Р., Т.Ј. и Ј.А. во периодот од март до септември 2023 година во куќи и викенд куќа на подрачје на Радовиш извршиле 11 кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот закон, а Љ.Т. и Б.А. се сомничат за сторени две кривични дела „прикривање“, односно поради тоа што прикриле дел од предметите кои осомничените ги одзеле при вршење на кражбите.Со извршените кривични дела лицата противправо се стекнале со имотна корист во висина од 170.300 денари, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Ужас среде бел ден во Скопје: Малолетници претепаа и повредија скопјанец

ДЕСК

Гореа неколку автомобили во Скопје

ДЕСК

Ја измамиле за 2000 евра – еве на каква измама преку телефон падна пензионерка од Македонија

ДЕСК