23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Почина 54-годишен маж од Струшко: возилото во кое се превезувал паднало во бездна, повредени и две други лица

Вчеравечер, во 22.50 часот, во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во непосредна близина на Новоселски мост, патничко моторно возило „опел корса“, со струшки регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот А. Р. од струшко Долна Белица, излетало од коловоз и паднало во бездна.

Во несреќата сопатникот во возилото, З. А. (54), исто така од Долна Белица, добил тешки телесни повреди, од кои починал на самото место, а возачот и другиот сопатник Б. И. (41) од струшко Велешта завршиле со телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.