22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАУКА

Студијата покажа колку долго децата со омикрон се заразни

Децата што се заразени со омикронската варијанта на коронавирусот се заразни во просек три дена по позитивниот тест, покажа новото истражување.

Веќе на петтиот ден повеќето деца повеќе не се заразни, тврдат научниците кои резултатите од истражувањето ги објавија во списанието JAMA Pediatrics.

Додаваат дека информацијата е валидна, без разлика дали децата се вакцинирани или не.

За истражувачки цели, научниците од американскиот Универзитет „Стенфорд“ анализираа брисеви од носот на 76 деца и адолесценти на возраст под 18 години, позитивни на коронавирус. Сите беа заразени со омикронската варијанта на коронавирусот.

Поттиповите на омикрон, како што се EG.5 и KSBB.1.16, моментно циркулираат во многу земји во светот.

Германското здружение на педијатрите (BVKJ) препорачува, како и во случај на настинка, децата заразени од коронавирусот да останат дома кога не се чувствуваат добро, имаат висока температура, дијареја или повраќање.

По 24 часа без симптоми, детето може да се врати во градинка или училиште.

Според претходните истражувања, возрасните заразени со омикрон се заразни малку подолго, во просек пет дена.