15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Ацт Македонија секој вторник со хуманитарна акција пред Спомен куќата на Мајка Тереза

Ацт Македонија организира хуманитарна акција секој вторник пред Спомен куќата на Мајка Тереза со почеток од 18 и 30ч. Целта на оваа организација е собирање средства, обезбедувајќи им храна, облека, училишен прибор и сл. на лица кои што немаат никакви примања и им е најпотребно за опстанок.

– Како дел од тимот на Ацт Македонија можете да ме контактирате мене како волонтер Билјана Јаневска ( https://www.facebook.com/BiljanaJanevskasecretary ) или пак да се обратите на официјалната страна на Ацт Македонија https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=751613270343762&id=100064852868902 да им помогнеме на оние граѓани на кои им е неопходно да добијат барем еден оброк во денот, вели Билјана Јаневска.

Секој оној кој што сака може да се приклучи како волонтер и е повеќе од добредојден во Ацт Македонија.

-Јас сум волонтер од минатата година и ми е драго што можам да бидам нечија светлина на крајот од тунелот, вели Јаневска која што е инаку поранешна мисица, вработена во Јавното Претпријатие Депонија Дрисла, м-р по Управување со отпад и од неодамна партиска функционерка.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

ДЕСК

Бузлевски: Време е за Преспа без отпад, со силно земјоделство и туристички развој

ДЕСК

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.