23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Zdravstvo.gov.mk
.МАКЕДОНИЈА

Меџити со Синдикатите разговараа за нови иницијативи и подобри работни услови во здравството

Денеска, министерот за здравство,д-р Фатмир Меџити, оствари средба со претставници на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ и претставници на Самостојниот синдикат на клинички центри и други здравствени организации во РМ.

Министерот уште еднаш ја покажа својата поддршка на синдикатите, а за тоа сведочат и двете покачувања во текот на годинава.

На средбата се разговараше за иницијативите кои наредниот период ќе бидат подготвени од синдикалните здруженија, а се однесуваат на на корекција на коефициентите на вработените во дејноста за наредната година.

Согласно договореното, синдикатите земаа обврска да изготват Предлог-Анекс за изменувањe и дополнување на Колективниот договор за здравствената дејност на РМ со корекција на коефициентите за пресметка на платите и истиот да се достави до Министерството за здравство и до Фондот за здравствено осигурување.

Исто така беше договорено во тек на овој период, министерот за здравство со Решение повторно да ја активира со работа Комисијата за изготвување пречистен текст на Колективниот договор за здравствената дејност на РМ, која ќе го доработи веќе започнатиот текст, каде меѓудругото ќе бидат усогласени и сите придобивки од потпишаниот Општ колективен договор за јавниот сектор.

Заедно во соработка со синдикатите допринесуваме за подобри услови на здравствените работници кои се столбот на здравствениот систем. Тие се во фокус на стратешкиот план на министерот за подобрување на здравствениот систем.