18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Љубиша Николовски: Од ВМРО-ДПМНЕ не слушаме решенија, само критики

„Од ВМРО-ДПМНЕ досега не слушнавме политичка платформа. Дали уште ја спремаат и ќе ја слушнеме конечно, можеби. Досега освен објавување на неуспесите на оваа власт, не слушнавме што можеме да очекуваме од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е жалосно од една таква голема партија“ рече новинарот Љубиша Николовски во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека дури и во Извештајот на Европската комисија е нотирано дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ се противи и ги блокира реформските закони кои ги тангираат граѓаните, земјоделците и пензиоенрите.

„Не слушнавме што тие би направиле. Има само плукање и навреди, очекувам таква да биде и кампањата“ рече Николовски.

Новинарот додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе мора на своето гласачко тело и на граѓаните да им објасни каде оди оваа партија и која е нивната визија, за да не остане земјата заглавена.

Можеби ќе ве интересира

Две женски лица нападнале 16 годишно девојче среде бел ден во Скопје

ДЕСК

Нова драма во Карпош: Две лица почнале да му се закануваат на младо момче и неговата девојка, а потоа му го оштетиле возилото

ДЕСК

Тепачка во Шуто Оризари

ДЕСК