Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Љубиша Николовски: ВМРО-ДПМНЕ се плаши ако ги загуби претседателските дека ќе изгуби гласачи за парламентарните избори

„ВМРО-ДПМНЕ се плаши дека ако изгуби на претседателските избори, ќе изгуби гласачи и на парламентарните избори“ рече новинарот Љубиша Николовски во „Студио 10“ на ТВ24 говорејќи за тоа дали изборите треба да бидат одвоени или заедно.

Тој изјави дека во интерес на државата и граѓаните е изборите да бидат одвоени, со цел да се добие легитимет претседател, а не личност која ќе се влече на рејтингот на партијата.

„Изборот на претседател е посебна институција и се избира согласно редот. Не е точно дека немало излезност на претседателските избори досега. Само ако една голема партија реши да не излезе нема да има цензус“ рече Николовски.

Новинарот додаде дека изборите треба да бидат согласно, закон и Устав и дека треба да се прекине со нападите врз граѓаните и разговорите за тоа дали изборите треба да бидат одвоени или заедно.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК