Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ да одговорат за скандалот со кумската врска со тендерот во Штип

-Општина Штип, раководена од ДПМНЕ и градоначалникот Јорданов ја тресе скандал со кумско-семејна врска за тендер на ЈП Исар. Тендер вреден 20.000 евра на ЈП Исар Штип го има добиено фирма, на чии сопственици односно управители зет за ќерка им е кумашинот на градоначалникот на Штип. Освен што е кумашин на градоначалникот од ДПМНЕ, Методи Јорданов е член и на Управниот одбор на истото претпријатие кое го доделува тендерот, ЈП Исар од Штип, соопшти СДСМ.

-Значи кумашинот на градоначалникот е член на Управниот одбор на јавното претпријатија а таткото на кумашинката на градоначалникот го добива тендерот вреден 20.000 евра. Наместо да молчат Мицкоски и ДПМНЕ треба да излезат пред граѓаните и да одговорат за оваа кумско-семејна врска и тендерот од 20.000 евра во ЈП Исар, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Фрчат казни во тетовскиот регион: 25 возила подигнати со пајак, напишани и над 40 други казни

ДЕСК

Полицијата на нозе: Исчезна 39 годишен маж од Гостивар

ДЕСК

Во ургентен центар донесен 69 годишен маж кој се здобил со повреди додкеа извршувал работни задачи во фабрика во Гостивар

ДЕСК