18. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Милијарда евра имаме на располагање од ЕУ за македонската економија, велат од СДСМ.

-Планот на Европската унија за раст на економиите на Западен Балкан и става на располагање на нашата држава милијарда евра. Отворени се привилегиите и можностите од зачленувањето во Европската Унија пред време, односно додека траат преговорите, соопшти СДСМ.

„Првиот трансфер треба да се направи со април 2024 година.

Тоа значи дека ако продолжат реформите и процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет на ЕУ ќе го имаме за пет месеци.

Тоа е голема шанса која не смее да се пропушти, а тука е и отворањето на единствениот европски пазар за македонската економија, како и раст на животниот стандард на граѓаните.

Токму затоа блокадите на ДПМНЕ и Мицкоски на европскиот пат мора да бидат поразени.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево

C +

Каранфилова Пановска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ е директно одговорна за еколошкиот хаос во Вардариште и Дрисла

C +

Каранфилова Пановска: Тошковски мора да сноси одговорност за серијата трагични случаи во изминатите 15 месеци

C +