24. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 12.11.2023 година (недела) со почеток во 16:30 часот, поради одржување на меѓународна ноќна атлетска трка насловена како „Низ улиците на Скопје 2023“, во организација на Атлетската федерација на РСМ, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на град Скопје.

Трката ќе се одвива со траса на движење од „Порта Македонија“, плоштад „Македонија“, ул.„Никола Вапцаров“, па лево по ул.„Димитрие Чуповски“, потоа десно по ул.„11 Октомври“, лево по ул.„Филип Втори Македонски“, повторно лево по пристапната улица на ГТЦ и десно до целта кај „Порта Македонија“ во Скопје.

Од тие причини, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

Можеби ќе ве интересира

Му се слошило, па починал откако бил донесен во бесознание во клиника

ДЕСК

Гореа автобуси, минибус, камион, неколку автомобили во голем пожар во Куманово

ДЕСК

Повеќе повредени во тешка сообраќајка во Свети Николе

ДЕСК