Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

МТСП: Младите под водство на извидниците и друштво на Тренчевска продолжуваат по патеките до подобро ментално здравје

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска продолжува со спроведување на иницијативата Walk and Talk и денес беше присутна во Тетово на прешачката патека заедно со младите под водство на извидниците. На патеките на „Walk and Talk“ како поддршка беше и државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, Флакрон Беџети. Иницијативата „Walk & Talk” ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Сојузот на извидници, а со поддршка на локалната Канцеларија на УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Тетово беше петтиот по ред град во кој се спроведува иницијативата со младите од средните училишта. Тренчевска во изминатиот период беше дел од групите во Струмица, Валандово, Штип и Пробиштип. На средбите присуствуваат лица од 15 до 29 години кои активно се вклучуваат во дискусија со експертката ангажирана за водење на наративот и дискусијата за време на пешачењето.

Можеби ќе ве интересира

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК