Centar.mk
БИЗНИСвест

Средба на Бектеши со Фаисал Ф. Алибрахим, министер за економија и планирање на Кралството Саудиска Арабија: Со договор за економска соработка може да се продлабочат економските односи меѓу двете земји

Министерот за економија Крешник Бектеши, денес оствари средба со министерот за економија и планирање на Кралството Саудиска Арабија, Н.Е. Фаисал Алибрахим.

На средбата беше констатиран позитивниот развој на односите помеѓу двете земји, како и можностите за продлабочување на билатералната соработка.

Министерот Бектеши на својот колега, министерот за економија и планирање на Саудиска Арабија му ги пренесе макроекономските резултати кои ги оствари Република Северна Македонија во изминатиот период како и можностите и потенцијалите за инвестиции во нашата земја.

Двајцата соговорници се согласија дека за продлабочување на економската и трговската соработка помеѓу двете земји, во наредниот период е неопходно да се потпише договор за економска соработка помеѓу Северна Македонија и Саудиска Арабија со кој ќе се постави основ за натамошно продлабочување на односите помеѓу двете земји, како и можност за организирање на бизнис форум помеѓу инвеститори и компании од двете земји.
На средбата двајцата соговорници разменија мислења за можните полиња за идна соработка со што ќе се интензивира развојот на економските односи помеѓу двете земји.

Можеби ќе ве интересира

Телеком овозможува побрзо и поудобно патување со M-TAG 

C +

„Добра игра. Фер плеј“ – Lidl започнува кампања за вработување

C +

УЈП испрати речиси 863.000 даночни пријави: Граѓаните имаат рок до 31 мај да ги проверат

C +