18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен шверцер, бил затекнат со група од 11 мигранти

Денеска, во 00.50 часот, на потегот помеѓу село Свидовица и село Куклиш, полициски службеници од РЦ за ГР Исток го лишиле од слобода 63-годишниот А. Д. од Струмица. Тој бил затекнат со група од 11 лица мигранти (5 од Индија и 6 од Непал), кои ќе бидат пренесени во Прифатно-транзитниот центар во Гевгелија, извести МВР.

За случајот бил известен јавен обвинител, а приведениот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл. 418-б, бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка, велат од МВР.

По документирање на случајот, против А. Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Човечка жртва во тешката сообраќајка кај Ресен, има и повредени – едно од возилата се запали

ДЕСК

Невремето кое зафати делови од Скопје се насочи кон Куманово – УХМР со нови информации

ДЕСК

Затворен магистралниот пат Ресен – Битола, сообраќајот се одвива во големи гужви по стариот пат

ДЕСК