13.8 C
Скопје
21. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Еден загинат во пожар во Дебарца, пожарникарите извлекоа и две лица со изгореници

Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид извести дека во раните утрински часови интервенирала на опожарен индивидуален објект во распламтена фаза, во село Требеништа – Општина Дебарца.

При самата интервенција извлечени се две лица со изгореници и повреди по телото од помал степен, велат од Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид.

Во истиот објект пронајдено е уште едно починато лице, додаваат од Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид.