Хармонизацијата на националното законодавство со Европските стандарди и добрите фармацевтски практики, една од стратешките цели на МАЛМЕД.
Комитетот за здравство при Американската стопанска комора во Северна Македонија, (АмЧам) денеска во Скопје ја организираше втората годишна конференција за здравство насловена како “Поглед во иднината за нашиот здравствен систем“ .
На конференцијата зам.Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства
( МАЛМЕД ) Роберт Бекироски говореше за актуелните активности на МАЛМЕД во поглед на Хармонизацијата на националното законодавство со Европските стандарди и добрите фармацевтски практики која е една од стратешките цели на МАЛМЕД. Tокму во оваа насока посочи дека со твининг проектот подржан од Делегацијата на ЕУ во Скопје, се постигнати добри резултати и во делот на унапредување на националното законодавство и на зајакнување на капацитетите на вработените во МАЛМЕД посебно во делот на : испекцискиот надзор, постапките на ставање на лек во промет како и електронско следење на потрошувачката на лековите.
“Веќе имаме готов предлог Закон за лекови кој беше разгледан оваа година и од европски експерт и соодветно беа направени некои дополнителни интервенции во истиот”. “Секако дека во одредени сегменти од регулативата за лекови мораме да задржиме национални одредби се додека не станеме полноправна членка на ЕУ, а што се однесува до Законот за медицински средства истиот очекуваме да биде готов во првата половина од 2024 “наведе Бекироски во своето обраќање.
Во однос на Електронскиот систем за следење на податоците за потрошувачката на лекови веќе е во функција. Од МАЛМЕД уверуваат дека ќе имаме релевантни податоци за потрошувачката на лековите, што во пракса значи унапредување во фармацевтскиот сектор како и целиот здравствен систем .