23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Извештај на ЕК: ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата го кочат прогресот, се повикува на конструктивен дијалог во Собранието

Во делот на функционалност на демократските институции Европската комисија посочува дека е потребно да има конструктивен и инклузивен политички дијалог во Собранието, особено за реформите поврзани со ЕУ. Се укажува на потребата да се донесат уставните измени, како и обврските од Дијалогот „Жан Моне“.

Во однос на основните човекови права, останува оценката на ЕК дека правната рамка е генерално усогласена со стандардите на ЕУ. Предизвиците остануваат во делот на јакнење на капацитетите на независните тела (Народен правобранител, Комисија за заштита и спречување од дискриминација), унапредување на правата на лицата со посебни потреби, и особено во подобрување на состојбите во затворите и притворите.

Во делот на слобода на изразување и медиуми, и оваа година ЕК нотира дека генерално, опкружувањето е поволно за слободата на медиумите и дозволува критичко медиумско известување. Со измените на КЗ и новиот Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда се зголеми правната заштита на новинарите.

Во однос на економските критериуми, има добро ниво на подготовка во развојот на функционална пазарна економија. Иако во 2022 година, економијата беше тешко погодена од последиците од руската агресија против Украина, сепак Северна Македонија успеа да обезбеди финансиска и макроекономска стабилност. Во услови на криза Владата ги поддржа домаќинствата и бизнисите преку големи енергетски субвенции, даночни намалувања и насочена директна поддршка на приходите. Предизвиците остануваат во делот на спроведување на Законот за буџет, управувањето со јавните финансии, справувањето со сивата економија и прафискланите давачки, недостатокот на работна сила, итн.