-Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 259 возачи. Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 129 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 130 надвор од населено место, соопшти полицијата.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.