-ДПМНЕ по 2 години локална власт во над 40 општини има 0 резултати и безброј нереализирани ветени проекти од изборните програми. Општините раководени од ДПМНЕ стагнираат, наместо да се развиваат, соопшти СДСМ.
„Катастрофално лоши резултати во работата во првите 2 години граѓаните гледаат и во Гази Баба.
ДПМНЕ и градоначалникот Стефкоски ги изневерија граѓаните.
Ги нема ветените 4 нови градинки наведени во изборната програма, нема ниту нови 4 спортски центри во Гази Баба, нема нови улици, ги нема ниту ветените нови 2 клучки на бул. Александар Македонски.
Згора на се, ДПМНЕ и Стефкоски ги задолжија граѓаните на Гази Баба со нови 5 милиони евра.
Половина од мандатот помина а истата матрица на ДПМНЕ ја гледаат граѓаните: неработа, нови долгови и безброј неисполнети ветувања.
ДПМНЕ ги изневери граѓаните и не ја оправда довербата дадена на локалните избори.“ – се вели во соопштението.