20. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈА

Расчистени три кражби на возила во Прилеп, приведен сторителот, ги признал делата

-Од страна на полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп -Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп по претходно преземени оперативни мерки и активности, вчера (03.11) го лишиле од слобода Е.Ќ.(28) од Прилеп. Тој се сомничи дека на 14.07.2023 одзел патничко возило „застава 128″, на 28.10.2023 одзел патничко возило „тико” и на 03.11.2023 одзел патничко возило „опел астра”, соопшти МВР.

-Осомничениот во целост ги призна делата. Две од одземените возила се пронајдени и вратени на сопствениците, а се работи на пронаоѓање и на третото возило. По комплетирање на службениот материјал против осомничениот ќе следи кривична пријава по член 242, “одземање на патничко моторно возило”, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Утре сончево време, попладне локален дожд и грмежи

C +

ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ ДО 37°C, ПА НАГЛО ОПАЃАЊЕ – Метеоцентар за значителните промени со времето следните четири дена

ДЕСК

Битиќи: Ја добивме битката, концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ, падна на арбитража

ДЕСК