25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Шкријељ: Подобра ресоцијализација на затворениците можеме да имаме со останати мерки коишто ни стојат на располагање

„Во предлог законското решение, односно во целите на овие законски измени е подобра ресоцијализација на затворениците. Меѓутоа подобра ресоцијализација можеме да имаме токму со останатите мерки коишто ни стојат на располагање, а не се изрекуват, како што е условен отпуст и општествено корисната работа. Решение може да се најде, меѓутоа да почнеме да ги користиме овие мерки коишто се користат насекаде во светот и се покажуваат како делотворни“, рече пратеничката од редовите на СДСМ Санела Шкријељ на Телевизија 21.

Таа додаде дека пратениците секогаш се отворени за разговор и дискусија. Притоа истакна дека имало многу инсинуации дека се нарушувале односите во коалицијата, дека постоела недоверба меѓу коалиционите партнери.

„Мора да научиме дека демократијата не значи едноумие и дека е добро да има различни ставови затоа што кога имаме различни ставови и различни мислења и различни идеи само така ќе дојдеме до најдобро решение. Тие предлози повеќе пати ги спомнавме во јавноста. Спремни сме да разговараме и да го донесеме она што е најдобро решение во овој случај“, заклучи Шкријељ.