24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Шкријељ: Фактот дека со законските измени би пуштиле надвор 200 лица а чекаат да влезат во закон 2.800 значи нема да го решиме проблемот

„Внимателно ги следевме изјавите на министерот, го спомна и претходниот закон на амнестија на прекршителите за време на ковид пандемијата. Токму во тоа законско решение имаме таква мерка. Нивната казна да се замени со условна казна. Немаат целосна амнестија како што се предлага во овој случај. На крајот на краиштата, самиот факт дека ние со овие предлог законски измени би пуштиле надвор 200 лица а чекаат да влезат 2.800 зборува дека нема да го решиме системски проблемот, рече пратеничката од редовите на СДСМ Санела Шкријељ на Телевизија 21.
Таа додаде дека се согласува со изјавите на министерот дека условите во затворите се такви какви што се.

„Од аспект на тоа што значи грижа за човековите права, и од аспект на она што значи ресоцијализација и рехабилитација, потребно да се донесе решение коешто ќе оди во насока на остварување на тие цели“, заклучи Шкријељ.