15.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Ковачевски: Ако тие сакаат да купуваат дел од наши компании и ние сме заинтересирани за купување на Солунското пристаниште

„Грчките компании можат да имат свои стратегии исто како што и ние можеме и имаме стратегија. Доколку тие сакат да купуват дел во некоја наша компанија тогаш и ние сме заинтересирани за купување на Солунското пристаниште“ рече денес премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите дека се продаваат делови од МЕПСО.

Премиерот додаде дека компанијата е во целосна државна сопственост и дека Владата нема водено никакви разговори за продажба на МЕПСО.

„Оваа информација доминантно ја лиферуваат опозициските медиуми во државата, а и опозициската партија имаше прес-конференција. Се работи за неточни наводи и за лажни вести, а за тоа имаше соопштение и државната компанија МЕПСО која кажа дека ниту имаат разговарано, ниту разговара, ниту пак, преговара со кого било за продавање на нејзин дел“ рече Ковачевски.

Тој додаде дека оваа информација е само дезинформација која е споделена од опозициските медиуми.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи, исто така повтори дека информациите дека се продаваат удели на МЕПСО не се вистинити, но потенцираше дека е убаво кога различни компании се интересираат да инвестираат во државава, бидејќи тоа ја покажува геостратешката положба на земјава.