25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Попушти стравот: Цените на нафтата на светскиот пазар паѓаат

Цените на нафтата на светскиот пазар денеска паѓаат поради намалената загриженост за можен прекин на испораките од Блискиот Исток.

Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море падна за 1,04 долари или 1,2 отсто и сега изнесува 85,81 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта е пониска за 1,03 долари или 1,3 отсто и изнесува 81,42 долари за барел.