7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Биљали-Зендели: Очекувано е да имаме консензуален кандидат за претседател кој ќе добие поддршка од проевропскиот фронт

„Се уште немаме разговарано на таа тема во партијата, но очекувано е да имаме консензуален кандидат кој ќе го добие мнозинството и од проеврооскиот фронт“ рече пратеничката од ДУИ, Арта Биљали-Зендели во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.

Таа додаде дека се уште е рано на 8-9 месеци пред изборите да се одржуваат лидерски средби за датумот, бидејќи тоа е само политика.

„Изборите ќе бидат крајот на јуни, крајниот рок е 15 јули. Пред парламентарните избори не очекуваат и претседателските избори, поради тоа нема потреба да зборуваме за нешто пред време“ рече Биљали-Зендели.

Во емисијата, пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски исто така истакна дека кандидатот за претседател што ќе биде предложен од СДСМ и поддржан од проевропскиот фронт ќе биде победник на претседателските избори, а потоа коалицијата предводена од СДСМ, заедно со целиот проевропски фронт ќе победи и на парламентарните избори.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК