„Нема да има уставна криза затоа што кандидатот што ќе биде предложен од СДСМ ќе биде победник на претседателските избори и потоа коалицијата предводена од СДСМ, заеднички со проевропскиот блок ќе биде победник и на парламентарните избори“ рече пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека е убеден оти граѓаните препознаваат дека овие избори ќе бидат референдум на кој ќе треба да се избере дали сме за напредок на државата или нови изолации, блокади и враќања во темно минато.
„Изборите, и претседателските и парламентарните ќе бидат во редовен термин во 2024 година. Изборите ќе бидат редовни и ќе бидат прво претседателските, а потоа во редовнито законски рок и парламентарните“ рече Каевски.
Пратеникот додаде дека верува оти прво ќе се случат уставните измени, а потоа ќе бидат изборите.