„Вчерашната посета на претседателката Фон дер Лајен значеше многу бидејќи таа испрати многу јасни и недвосмислени пораки. Најважната работа којашто ја кажа е дека Европската Унија е отворена за нас и дека тие со задоволство ќе не пречекаат во Европската Унија како земја. Меѓутоа ние треба да ги спроведеме реформите коишто се потребни за нашата држава да ги исполни условите, со нивна заедничка поддршка, истакна пратеничката од редовите на СДСМ Даниела Колева во интервју на „Топ тема“ на Телма телевизија.
Таа додаде дека многу јасно и концизно претседалката нагласила дека напредокот којшто го имаме како држава е очигледен и дека тие го следат нашиот напредок, меѓутоа треба и понатаму да продолжи истиот со нивна поддршка, со цел постигнување на потребните норми за влезот во ЕУ.
„Таа воедно испрати и многу јасна порака дека е потребно заеднички, сите партии, да се придвижиме напред, но претходно да ги донесеме уставните измени, како услов којшто е очигледен за да може заеднички да изгласаме сите, со што ќе го отвориме првиот кластер „Фундаменти“ до крајот на оваа година“, заклучи Колева.