18.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Пакетот за ЕУ ќе се формира, Украина и Молдавија ќе почнат преговори, да не ја испуштаме шансата

„Патот кон ЕУ ќе продолжи, пакетот ќе се формира. Очекуваме и Украина и Молдавија да добијат отворање на преговорите и тие што се подготвени ќе продолжат“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во Дневникот на МТВ.

Тој додаде дека земјава повеќе пати испуштала шанса за продолжување на патот кон ЕУ и тоа секогаш било на наша штета.

„Ако останеме ние во чекалната, а останатите продолжат, повторно ќе биде на наша штета. Ние почнавме со Хрватска, а Хрватска сега е десет години членка, влезе во еврозоната и Шенген“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека не смееме да ги пропуштаме шансите и приликите бидејќи тоа е изгубено време за државата и за младите.